Дома Фудбал Останато Фудбалерот на Барселона: Мислам дека Куман има нешто против мене

Фудбалерот на Барселона: Мислам дека Куман има нешто против мене

Maтеус Фернандеш пристигна минатото лето во Барселона од редовите на Палмеирас за седум милиони евра, а потоа во дебитантската сезона одигра само 17 минути.

Бразилскиот играч прилика за деби кај тренерот Роналд Куман доби во четвртото коло од групната фаза против Динамо Киев (4:0).


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Зошто одиграв само еден натпревар? И јас самиот си го поставувам тоа прашање, но не го знам одговорот. Тренерот ми кажа дека нема да имам прилика за настап, но дека ќе ја добијам. Играв само 17 минути. Не знам зошто не ми даде прилика во некои помалку важни натпревари. Не можам да кажам што мисли тој, не сме ни разговарале многу“.

„Пред почетокот на сезоната Куман на моите менаџери им кажа дека не смета на мене. Како може тоа да го каже кога никогаш не ме гледал. Бев кај него и ми го повтори истото. Не можев да пронајдам друг клуб затоа што само што дојдов во Барселона. Го замолив да ми даде шанса во некои помалку важни натпревари, но не ми ја даде“.

После натпреварот во Киев повторно бил кај холандскиот стратег.

„Еден месец после дебито отидов во неговата канцеларија да го прашам дали бев толку лош што повеќе не играм. Ми кажа дека тие минути добро сум ги одиграл, но дека немам квалитет за Барселона. Му одговорив дека не може да знае дали имам квалитет ако не ме става да играм“.

Дури и на тренинзите Бразилецот бил во втор план.

„Имаше тренинзи каде што бев одвоен, а сите останатите тренираа заедно. На некои тренинзи играв десен бек, стопер…Мислам дека тренерот има нешто лично против мене затоа што ниту еднаш не почувствува потреба да разговараме“.

Што планира понатаму?

„Не знам. Чекам некој од клубот да ми се обрати и да ми каже дали сметаат на мене. Ако ми кажат дека сум отпишан кога сезоната ќе почне, ќе биде предоцна да најдам друг клуб. Знам дека не е реално да останам во Барселона, конкуренцијата е голема“, изјави разочараниот Фернандеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…