Дома Фудбал Германија Фудбалерот кој ја одби Србија потпиша за Баерн Минхен

Фудбалерот кој ја одби Србија потпиша за Баерн Минхен

Aлександар Павловиќ, 19-годишниот дефанзивен играч за врска кој има српско и германско државјанство го потпиша својот прв професионален договор со Баерн кој го обврзува со клубот од 2027 година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Павловиќ е дете на клубот и почна да тренира со само седум години.

„Среќен сум, ова е она за што сонував како дете. Им благодарам на сите. Сакам да станам подобро и ќе учам низ секој тренинг и натпревар. Ќе продолжам напорно да работам“, изјави Павловиќ кој за Баерн дебитираше во минатото коло во победата од Дармштад со 8:0.

Павловиќ ги помина сите младински категории на Баерн, претходно тренираше и во Фурстенбрук. Германските медиуми пишуваат дека неодамна го одбил повикот да настапи за репрезентацијата на Србија до 21 година, веројатно очекува да биде повикан за германската селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Не си ти Марадона“: Преговорите меѓу Баерн и неговата голема ѕвезда пропаѓаат?!

Преговорите се тешки, делува дека нема договор. Фудбалерот бара многу, во Баерн му ‚спушта…