Македонската репрезентација до 17 години денеска ја оствари и втората победа на гостувањето кај Босна и Херцеговина.
На денешниот натпревар одигран на стадионот „Бабовац“, македонската репрезентација поведе веќе во 3-та минута, кога по проигрување на Елези, Георг Стојановски стрелаше прецизно за водство од 1:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 48-та минута Александар Кахвиќ го израмни резутатот, а по голема грешка, односно недоразбирање меѓу нашиот голман Василев и одбраната, фудбалерот на БиХ, Кахвиќ го постигна вториот свој гол за предност на домаќините од 2:1.
Во 79-та минута Бесарт Гуџуфи израмни на 2:2, а пред крајот на натпреварот со својот втор гол ја донесе втората победа.