Дома Трансфер зона Француската револуција во Реал започнува во јануари

Француската револуција во Реал започнува во јануари

Зинедин Зидан инсистира Погба да дојде во Реал, нови контакти се воспоставени, доколку тренерот на Реал преживее, можно е на зима да го видиме трансферот.

Имено, Јунајтед нема да ја спушти цената, но се согласува како дел од трансферот да го земе Тони Крос. Германецот до сега одби да си оди, но ќе добие одлична плата и можност да биде лидер на екипата. Намерата на Зидан е целосно да се реконструира средниот ред во следните осум месеци, со Погба да го доведе и Канте, а трета голема цел е Мбапе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа би значело заминување на Модриќ, веројатно и Иско, како и уште неколку играчи од друг план. Јасно, ќе бидат потребни големи пари, меѓутоа, Зидан верува дека клубот би можел да вложи и целосно да ја промени екипата.

Што ќе биде од сето ова ќе видиме, денеска го отвараат викендот против Леванте, победата не би требала да дојде во прашање, а на теренот ќе го видиме Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи пристигна на „Олд Трафорд“

На дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ вчера се појави агентот на Бе…