Според последните информации кои пристигнуваат од Франција, натпреварот од петтото коло во елитната Лига на нации меѓу Франција и Израел сепак треба да се игра пред гледачи, на „Стад де Франс“.
Двете репрезентации на 14 ноември во Париз ќе играат во групата 2 од Лигата А, а постоеше можност тие 90 минути да се одиграат без публика поради моменталната ситуација на Блискиот Исток.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во понеделникот Италија го пречека Израел во Удине, а натпреварот се играше пред гледачи, но и со бројни безбедносни мерки.
Силни полициски сили излегоа на улиците на Удине пред и на денот на натпреварот, додека делот од градот каде што се наоѓа стадионот беше затворен 48 часа пред почетокот на натпреварот.
Од врвот на француската полиција најавија и жестоки безбедносни мерки, но истовремено најавија дека дуелот сепак треба да биде отворен за гледачи.
По четири кола од групата 2, Италија е на врвот на табелата со десет бодови. Франција има бод помалку, Белгија е на четири, додека Израел се уште нема освоено ниту еден бод.