Фудбалерите на Франција ќе бидат меѓу фаворитите на претстојното Светско првенство, но нивниот огромен талент нема да биде единствениот адут.
Франција има една од најатрактивните селекции кога ќе се погледнат имињата на играчите на кои смета селекторот Дидиер Дешан. Меѓутоа, „триколорите“ ја научија лекцијата од минатото, па затоа нема да се потпираат само на талентот, па веќе ги започна подготовките за Мундијалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Французите вчера се собраа во Клерфонтејн и веднаш започнаа да ја градат клучната состојка – тимскиот дух.
Les Bleus ont effectué une sortie en VTT dans la forêt de Clairefontaine en fin d’après-midi pour leur 1er jour de rassemblement ! ? pic.twitter.com/9GBqPkBDMt
— Equipe de France (@equipedefrance) May 23, 2018
Пол Погба, Антоан Гризман, Килијан Мбапе го предводеа велосипедскиот караван низ локалната шума на почетокот на подготовките за Светското првенство.
Французите на Мундијалот во Русија ќе играат во групата Ц со Данска, Австралија и Перу. Светското првенство почнува на 14. јуни, а титулата ја брани Германија.
Sortie VTT pour les Bleus. pic.twitter.com/b4D1PpBvS3
— Equipe de France (@equipedefrance) May 23, 2018