Дома Фудбал Французинот од Реал откри и порача: Постоеа контакти со Манчестер Јунајтед, во Барселона – никогаш

Французинот од Реал откри и порача: Постоеа контакти со Манчестер Јунајтед, во Барселона – никогаш

varane

Познато е големото ривалство кое постои помеѓу Барселона и Реал Мадрид, па јасно е дека е чудно кога играчите директно преминуваат од едната на другата страна.

Рафаел Варан, дефанзивецот на Реал Мадрид порача дека е знае за кој клуб нема никогаш да настапува – Барселона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинарите го запрашаа дефанзивецот дали некогаш би преминал во Барселона.

„Јас во Барселона? Никогаш!“, јасно порача францускиот дефанзивец и откри дека Манчестер Јунајтед се обидувал да го доведе.

„Да, постоеа контакти со Манчестер Јунајтед, но никогаш директни“, откри Варан.

На крајот дефанзивецот зборуваше за својот соиграч и прва ѕвезда на Реал, Кристиано Роналдо.

„Сите секогаш ме прашуваат дали дојде крајот на неговата топ форма, некои одат толку далеку што кажуваат дека е готов. Пријателите често ме прашуваат, но јас знам дека апсолутно нема потреба да се грижиме“, заврши Варан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…