Кристијано Роналдо изгледа успеа во својата намера – на крајот од сезоната ќе го парафризира новиот договор со мадридски Реал кој на годишно ниво би требало да му донесе чисти 30 милиони евра.
Сепак, ниту значително зголемените годишни примања, Кристијано значително ќе се доближи до моментално најплатениот играч на светот, Лео Меси, со прилив од речиси 45 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поточно, Роналдо не го загрози ниту Нејмар, кој во ПСЖ заработува околу 35 милиони евра годишно.
Тоа се наведува во Франс Фудбал, кој го постави прашањето Кој е најплатениот фудбалер на светот во моментов?
Предвид се земени сите познати бројки – плата, бонуси, спонзорски договор, реклами за разни брендови…
Така, на врвот е Лео Меси кој годишно инкасира преку 126 милиони евра. Најдобриот фудбалер на Барселона и еден од најдобрите на светот, го „шиша“ Кристијано Роналдо за цели 32 милиони евра, додека третопласираниот Нејмар има годишен прилив од 81.500.000 евра.
Разликата помеѓу Нејмар и четвртопласираниот Герет Бејл, верувале или не, е речиси двојно. Контото на Велшанецот е 44 милиони евра, што само покажува колку Нејмар, Роналдо и Меси се пред конкуренцијата во секој поглед.
Статистиката покажува дека петти најплатен фудбалер на планетата е Џерар Пике. Стоперот на Барселона добива годишно околу 30 милиони евра.
Интересна е и листата на најплатени тренери на светот, каде на врвот и натаму е Жозе Мурињо со 26 милиони евра. Втор е Марчело Липи, кој на местото селектор на Кина заработува огромни 23 милиони евра. Зад него се Диего Симеоне со 22 милиони, Зидан со 21 милиони, па дури потоа на листата е Пеп Гвардиола со 20 милиони евра.