Дома Фудбал Англија Фофана си ја уништува кариерата во Челзи

Фофана си ја уништува кариерата во Челзи

Легендата на францускиот фудбал, Франк Лебеф го критикуваше Весли Фофана дека си ја уништува кариерата во Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатото лето младиот Французин инсистираше да се пресели во Челзи и направи скап трансфер од 70 милиони фунти, но има сезона за заборав.

Фофана синоќа одигра катастрофално против Манчестер Јунајтед и доби многу критики.

„Уште сакам да верувам дека не грешам и дека ќе ја поправи својата кариера, бидејќи има квалитет кој е потребен да биде еден од најдобрите централни дефанзивци на светот. Но, сега е во голем клуб и мора да порасне многу бргу и да не го оштетува својот тим. Неговата реакција за пеналот беше наивна и покажува дека е незрел и дека мора да порасне. Вака во Челзи си ја уништува својата кариера“, изјави Лебеф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фабијани: Само три минути нè делеа од посакуваниот резултат!

По драматичната елиминација од Рига, тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, истакна дека …