Барселона во вчерашниот натпревар од шпанскиот куп славеше со 0:2 против Валенсија.
Каталонците стигнаа до победата со головите на Кутињо и Ракитиќ и така со вкупни 3:0 да се пласираат во финалето каде што ги чека Севиља.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После натпреварот фудбалерите и стручниот штаб на Барселона се соочиле со непосакуван инцидент.
Имено, еден незадоволен навивач на домаќините успеал да им го расипе славјето. Домашниот хулиган со батерија од телефон фрлил кон клупскиот автобус и го скршил стаклото на автобусот. Шпанските медиуми пренесуваат дека милиметри недостасувале за да биде погоден тренерот на Барселона, Ернесто Валверде!
Нешто подоцна шпанската полиција соопшти дека напаѓачот бил уапсен.