Дома Топ вести ФОТО: Тимот од играчи чии договор истекува на лето е импресивен!

ФОТО: Тимот од играчи чии договор истекува на лето е импресивен!

Како што се приближува летниот преоден рок, така се поактуелни стануваат играчите чии договор истекува на крајот на сезоната, најмногу поради фактот што заинтересираните клубови за нив не мораат да платат отштета.

Токму поради тоа на трансфер пазарот би можело да биде многу интересно на лето, бидејќи некои големи ѕвезди би можеле да дојдат сосема бесплатно. Со други зборови, на многу познати фудбалери договорите истекуваат на крајот од сезоната и веројатно нема да ги продолжат со актуелениот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За некои играчи веќе со недели се шпекулира како постигнаа договор со своите клубови како што е случајот со Годин во Интер. Додека пак трансферот на Рамзи во Јувентус како слободен агент веќе доби и официјализација.

Листата на играчи кои на лето можат да си заминат без надомест е голема, а медиумите во формација 4-4-2 направија тим чија вредност на трансфер пазарот се проценува на стотина милиони евра.

Идеални 11 чии договори истекуваат на лето:

ГОЛМАН: Вили Кабаљеро (Челзи)

ОДБРАНА: Даниел Алвеш (ПСЖ), Давид Луиз (Челзи), Диего Годин (Атлетико Мадрид), Филипе Луиз (Атлетико Мадрид)

ИГРАЧИ ЗА ВРСКА: Адриен Рабио (ПСЖ), Арон Ремзи (Арсенал), Хуан Мата (Манчестер Јунајтед), Џејмс Милнер (Ливерпул)

НАПАЃАЧИ: Арјен Робен (Баерн), Оливие Жиру (Челзи).

Резерви: Стариџ, Велбек, Барзаљи, Де Роси, Балотели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…