Дома Фудбал Италија Фото: Рома ја претстави новата гарнитура – против Јувентус во ново руво

Фото: Рома ја претстави новата гарнитура – против Јувентус во ново руво

Eкипата на Рома го претстави новиот дрес кој фудбалерите на овој тим ќе го носат наредната сезона.

Дресот е инспириран од Стариот Рим и претставен е како оклоп од ланец кој ја симболизира нераскинливата врска помеѓу клубот, градот и навивачите.

Новиот дрес на Рома во продажба излегува на 17 мај, а за прв пат фудбалерите ќе го носат во последниот натпревар на домашен терен против Јувентус оваа недела.

Оваа гарнитура на „волчицата“ е дизајнирана од страна на американската компанија „Најк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вергара на прагот на дебито за Италија против Франција

Антонио Вергара може да го направи своето деби за Италија во Париз, додека Ди Лоренцо ќе о…