Фудбалскиот свет денес го погоди веста за трагичната смрт на капитенот на Фиорентина Давиде Астори.
Несреќниот фудбалер почина во сон од срцев удар во својата хотелска соба пред натпреварот против Удинезе, а поради оваа трагедија сите натпревари денес во Италија беа откажани.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со години наназад фудбалери губеа животи. Голем е бројот и на оние кои прерано заминаа, а помеѓу нив е играчот од средината на Ливорно Пиермарио Моросини кој почина на терен во 2012 година во натпреварот против Пескара.
Астори по смртта на овој фудбалер ги повика сите фудбалери да му оддадат почит на Моросини.
„Откажувањето на натпреварот е најмалку важно. Ајде сите заедно да му оддадеме почит на Марио и засекогаш да се сеќаваме на него“, напиша Астори на својот Твитер профил пред шест години.
Никој не можеше ниту да замисли дека токму поради неговото прерано заминување од овој свет исто така ќе бидат одложени натпреварите во Италија.