Дома Фудбал Италија ФОТО: Ова е вилата што ја избра Роналдо, во неа живееше и Зидан

ФОТО: Ова е вилата што ја избра Роналдо, во неа живееше и Зидан

Последните информации од италијанските медиуми говорат дека трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус е само прашање на време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Директорите на италијанскиот клуб веќе отпатуваа за Мадрид на финални преговори, а се очекува Роналдо веќе во сабота да пристигне во Торино.

Португалецот веќе избрал вила каде што ќе живее, и станува збор за една од најскапите вили во Европа, за која ќе плаќа 40.000 евра на ден.

Таа се наоѓа во луксузниот дел на периферија од Торино и е во близина на вилата на семејството Ањели, во која што моментално живее сопственикот на „Фијат“, Лапо Елкан.

Интересно што во истата оваа вила две години живееше и Зинедин Зидан за време на неговиот простој во Торино, а во неа има живеено и Фабио Канаваро.

Вилата моментално е празна, а ќе биде уредена по негов избор и стил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус мисли дека 10 милиони евра се многу за Емилијано Мартинез?

Јувентус не е подготвен да плати на Астон Вила 10.000.000 евра и бонуси за голманот Емилиј…