Англичаните удираат онаму каде што најмногу „боли“, но и ова сигурно дополнително ќе ги мотивира гостите.
Третото коло во Лигата на шампионите ќе го обележи натпреварот помеѓу двата гигнати на европскиот фудбал Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Причини зошто овој натпревар ќе биде во центарот на вниманието има многу, одиграа некои незаборавни натпревари во минатити, а и списокот на играчи кои настапуваа и за едните и за другите е долг – најсвежи примери се Кристиано Роналдо и Пол Погба.
Меѓутоа официјалниот сајт на клубот од Манчестер го опиша Јувентус на начин на кој сигурно нема да им се допадне на навивачите на „старата дама“.
„Еден од прекарите, освен „Стара дама“ е и Рубентус кој беше доделен од страна на навивачите на Наполи, Фиорентина и Интер. На Италијански „рубаре“ значи „краде“ што се однесува на аферата „Калчополи“ каде што Јувентус беше во центарот на вниманието и во кој беше исфрлен во Серија Б поради местење натпревари“, стои помеѓудругото во соопштените на официјалниот сајт на клубот од „Олд Трафорд“.