Дома Фудбал Англија ФОТО: Ван Перси на прошталниот натпревар на Комапни го провоцираше Манчестер Сити

ФОТО: Ван Перси на прошталниот натпревар на Комапни го провоцираше Манчестер Сити

На „Етихад“ синоќа беше одигран натпревар помеѓу легендите на Манчестер Сити и екипа на ѕвездите од Премиер лигата.

Овој натпревар се играше во чест на Винсент Компани кој по 11 години се збогуваше со Манчестер Сити, но за жал поради повреда не можеше да игра на својот проштален натпревар. Резултатот на овој натпревар на крајот беше 2:2, а со својата игра сите ги воодушеви Робин Ван Перси. Холанѓанецот играше за екипата ѕвезди од Премиер лигата и постигна еден гол и запиша една аситенција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исто така, поранешниот напаѓач на Арсенал и Манчестер Јунајтед не можеше да помине и без провокација за навивачите на Сити. Неговиот потег ги воодушеви навивачите на Јунајтед, бидејќи имаше костобрани со грбот на клубот од „Олд Трафорд“. Грбот може да се види преку штуцните кои ги носеше Ван Перси, а за кратко време по натпреварот тоа стана главна приказна на Островот и тоа посебно меѓу навивачите на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потврдено: Дејвид Мојс заминува од Вест Хем

Од редовите на Вест Хем пристигна и официјална потврда за тренерската смена на крајот од с…