Икер Касиљас не сака така да го напушти фудбалот.
Апсолутната легенда на шпанскиот и светскиот фудбал мораше насилно да ја заврши својата кариера по доживеаниот срцев удар на тренингот на Порто, но нема план на таков начин да ја заврши кариерата. Касиљас тренира многу, но за евентуално враќање ќе мора да ги почека резултатите од тестовите кои се закажани за март следната година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој преглед е клучен за неговото продолжување на кариерата. Лекарите ќе донесат одлука дали 38-годишниот голман ќе ја продолжи кариерата или дефинитивно ќе ја заврши кариерата. Додека ги чека тестовите, Икер ништо не остава случајно и сака да биде во форма во случај лекарите да му дозволат да се врати на теренот. „Работно“, кратко напиша на Твитер, а фотографијата повлече големо внимание.
Work in progress… ???♂️#buenasnochesmundo pic.twitter.com/1PZY4mdVS0
— Iker Casillas (@IkerCasillas) October 15, 2019