Наполи наскоро ќе го претстави првото засилување за следната сезона.
Станува збор за дефанзивецот на Емполи, Џовани Ди Лоренцо, кој во моментов ги завршува лекарските прегледи пред трансферот во клубот од „Сан Паоло“. Наполи за услугите на овој 25-годишен фудбалер ќе плати осум милиони евра, додека екипата која се враќа во Серија Б би можела да заработи уште еден милион на име од бонусите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во сезоната зад нас запиша 37 настапи во најелитниот ранг на италијанскиот фудбал, постигна пет гола и запиша три асистенции, а првиот човек на клубот од Неапол, Ауерлио Де Лаурентис сакаше што побрзо да го заврши овој трансфер, за другите заинтересирани страни не би се вмешале и потенцијално би им ги расипале плановите.
Ди Лоренцо така ќе стане првото засилување на Наполи за следната сезона, а наскоро се очекуваат и преговори околу најдобриот стрелец во Серија А, Фабио Кваљарела, како и Доменико Беради од Сасуоло.
#Calciomercato | #Napoli, visite mediche per #DiLorenzo ⤵️ https://t.co/XKA8frItdO
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) May 30, 2019