Дома Фудбал Фото: Барса го претстави третиот дрес – розов и скап!

Фото: Барса го претстави третиот дрес – розов и скап!

Каталонскиот гигант Барселона официјално ја претстави третата гарнитура на дресови за сезоната 2018/19.

Дресот е со две нијанси на розово, а во основата е вграден и изгледот од птичја перспектива на познатиот квартал во Барселона, „Ешампле“.

Дресот е изработен од „Најк“, а како модели овој пат го претставија Кутињо, Пике и Дембеле.

Барселона може да дебитира со овој дрес уште на гостувањето кај Реал Сосиедад. Неговата цена е доста висока и изнесува 140 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…