Jaсно е и кој број ќе го добие.
Фудбалската јавност во текот на вчерашниот ден ја здрма веста дека Кристиано Роналдо ова лето ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се пресели во редовите на Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Атмосферата дополнително ја подгреа спортскиот директор на Јувентус, Џузепе Марота кој на прашањето за Роналдо само се насмеа и порача дека не сака да зборува на таа тема. Јувентус е спремен да плати 120 милиони евра, а на Роналдо да му понуди договор на четири години со плата од 30 милиони евра по сезона.
Многу италијански медиуми се сигурни дека Роналдо пристигнува во Јувентус. На Твитер се појави и интересна фотографија, односно, „Адидас“ наводно веќе печати дресови со името на Роналдо.
Според овие фотографии доколку трансферот биде реализиран, Роналдо ќе ја добие својата „седмица“ која во овој момент во Јувентус му припаѓа на Хуан Квардардо.