Дома Фудбал Останато Форсберг го прокоментира интерсот на „Црвените Ѓаволи“: Читав нешто во весниците

Форсберг го прокоментира интерсот на „Црвените Ѓаволи“: Читав нешто во весниците

Шведскиот репрезентативец, Емил Форсберг се осврна на гласините дека го посакува Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Форсберг и помогна на Шведска да се пласира на СП во Русија и да ја шокира Италија, но не престануваат гласините за можното преминување во Манчестер Јунајтед, иако исто така го посакуваат и Арсенал, Баерн, Милан и многу други екипи.

Во разговор за Билд, Форосберг истакна дека моментално е лојален на Лајпциг и дека не размислува да ја напушти Германија.

„Прочитав во весниците дека ме посакуваат, но мојот фокус е на Лајпциг и тоа нема брзо да се промени“, истакна Форсберг.

Во Германија дојде во 2015. година како голем потенцијал, а претходно играше за Малме во Шведска. Во дебитантската сезона со Лајпциг во Бундеслигата постигна осум погодоци со 19 асистенции и се избори за Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Килијан Мбапе станува фудбалскиот Мајкл Џордан

По речиси две децении заврши соработката на Мбапе со Најк, но Французинот наводно не сака …