Денес може да биде голем ден за македонскиот фудбал, Македонија е на 90 минути од историја и пласман на Европското првенство
Сите веруваме дека фудбалерите ќе не израдуваат и ќе се пласираат на Европското првенство кое се игра идното лето. Ваква шанса кој знае дали пак некогаш ќе имаме, затоа мораме да ја искористиме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред овој натпревар селекторот Игор Ангеловски се соочи со проблеми затоа што непосредно пред тргнувањето за Тблиси отпаднаа Барди поради повреда, додека Велкоски и Ристевски беа позитивни на Ковид-19.
Адеми исто така има проблеми со повреда, меѓутоа според последните информации тој ќе стисне заби и ќе истрча на терен. Во спротивно доколку тој не може него би требало да го замени Костадинов кој беше солиден против Косово.
Формацијата која се најавува е 3-5-2, па еве како би можел да изгледа нашиот тим во историскиот натпревар.
3-5-2 – Димитриевски; Бејтулаи, Велковски, Муслиу; Ристовски, Адеми/Костадинов, Николов, Елмас, Алиоски; Пандев, Несторовски