Дома Фудбал Останато Форлан во одбрана на Кавани: Нејмар вакво нешто НИКОГАШ не би му направил на Меси!

Форлан во одбрана на Кавани: Нејмар вакво нешто НИКОГАШ не би му направил на Меси!

Ситуацијата од натпреварот помеѓу ПСЖ и Лион во која Нејмар побара од Кавани да шутира пенал, крена огромна прашина, а после Марио Балотели ,таа ситуација во јавноста ја прокоментира и ветеранот Диего Форлан.

Форлан освен за ситуацијата при пеналот зборуваше и за моментот кога Дани Алвеш ја зема топката и му ја даде на Нејмар, Бразилецот потоа ја правдаше постапката со тоа што тврдеше дека првата негова намера била тој да шутира.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Кавани и Нејмар не мораат да бидат пријатели и да одат заедно на ручек, но кога во прашање е тимот и успесите, тие мораат да се почитуваат. Проблемот беше нивна работа, Алвеш воопшто немаше потреба да се меша, секој би бил лут во таква ситуација, тоа е нормално“.

„Нејмар што туку дојде во тимот, без разлика што е најскап фудбалер во историјата, тој мора да се прилагоди на условите. Сосема сум сигурен дека вакво нешто Нејмар не би имал храброст да му направи на Лионел Меси во Барселона“, зборуваше Диего Форлан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…