Претседателот на Ла Лига, Хабиер Тебас е против создавање на европска Суперлига, за чије формирање се погласно се зборува.
Тоа го потврди поранешниот претседател на Каталонците, Жозеп Марија Бартомеу, кој откри дека Барселона ќе биде дел од Суперлигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интересно е тоа што Тебас смета дека зад таа одлука на врвот на Барселона стои првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
„Суперлигата е сон на претседателот на Реал, кој работи на проектот веќе долги години. Тоа не се нови вести, но голема грешка е тоа што никој не ги разбира финансиските последици кои ќе ги имаат тимовите“, кажа Тебас.
Тебас смета дека тоа ќе создаде големи економски штети на организаторите и тие кои го финансираат натпреварувањето.