Дома Топ вести Флорентино Перез за Суперлигата: Тоа е иднината!

Флорентино Перез за Суперлигата: Тоа е иднината!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека актуелната ситуацуја наложува големи промени во фудбалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Перез зборуваше на годишната средба со акционерите на клубот и истакна дека формирањето на Суперлига е иднината на европските гиганти.

„Треба да бидеме иновативни, да бараме начини кои ќе овозможат фудбалот да продолжи да биде атрактивен. Актуелниот модел има потреба од промена и афектот од пандемијата само го потврди тоа. Постои заситување кај фановите, кои се најважни. Фудбалските рефордми едноставно не можат да чекаат. Европските гиганти имаат милиони фанови и не треба да им вртиме грб. Формирањето на Суперлига е иднината за европските гиганти“, изјави Перез.

Во последно време се погласно се зборува за формирање на Суперлига и евопските гигнати веќе ја договараат, иако УЕФА се противи на тоа бидејќи ќе се намали атрактивноста на Лигата на шампиони, натпреварување кое носи најмногу пари во касата на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се насочува кон Субименди по неуспехот со Родри

Жозе Моуриньо продолжува да инсистира Реал Мадрид да донесе нов дефанзивен играч за врска …