Дома Фудбал „Флик ќе го напушти Баерн, веќе се преговара со новиот тренер“

„Флик ќе го напушти Баерн, веќе се преговара со новиот тренер“

По елиминацијата на Баерн Минхен од Лигата на шампионите, поранешниот фудбалер на овој клуб, Лотар Матеус најави дека Флик ќе си замине.

Баерн испадна од ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите. И покрај победата во Париз од 0:1 актуелниот европски шампион мораше да се прости со најелитното европско натпреварување.

После натпревар Матеус во изјава за германскиот „Скај“ најави промена.

„Ханси Флик ќе замине на крајот од сезоната. Веќе има понуда од Фудбалскиот сојуз на Германија и тој ќе ја превземе репрезентацијата. Баерн затоа работи на доведување на нов тренер, преговара со Јулијан Нагелсман“, порача легендарниот Германец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…