Актуелниот европски шампион Баерн Минхен вчера беше поразен на домашен терен од ПСЖ со 2:3 во првиот натпревар од четвртфиналето.
Баерн создаваше шанси, но многу промашуваа, додека ПСЖ своите максимално ги искористи и така дојде до победата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После натпревароит зборуваше тренерот на Баерн, Ханси Флик кој е задоволен од начинот на кој играл неговиоит тим.
„Ни дадоа три гола од неколку шанси кои ги имаа, додека ние промашивме премногу. Можевме да имаме подобар резултат, но не бевме ефикасни. Без оглед на се задоволен сум од тоа како игравме“.
„Промашивме многу прилики, но начинот на кој игравме беше импресивен. Не сакам да губам, но ако веќе губам нека биде тоа на ваков начин. Ако го судиме по вечерашниот натпревар можеме да очекуваме позитивен резултат во Париз“, изјави Флик.
Реваншот на „Паркот на принцовите“ се игра во вторник.