Претседателот на Управниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге даде свое мислење за несогласувањата на Хасан Салихамиџиќ и тренерот Ханси Флик.
Во изминатиот период постоеше бурна расправија помеѓу спортскиот директор и тренерот, што повеќе не е тајна, а наводно еден од двајцата ќе мора да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова мора да се реши. Не е потребо да се води дискусија за тоа, посебно затоа што сме во последниот дел од сезоната и сме лидери во Бундслигата со седум бодови, а имаме можност да се пласираме и во следното коло од Лигата на шампиони“, истакна Румениге.
Расправијата помеѓу Флик и Салихамиџиќ наводно почнала уште на почетокот на сезоната, бидејќи тренерот сака да има поголема моќ на одлучување при трансферите.