Поранешниот фудбалер на Арсенал и Милан е спремен да и се придружи на Бреша како слободен играч.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според некои информации Фламини добил неколку понуди од италијански клубови, но на крајот се решил да игра за Бреша.
Последниот официјален натпревар Фламини го одигра пред повеќе од една година како играч на Гетафе во поразот од Реал Сосиедад.
Францускиот репрезентативец најмногу се прослави во дресот на Арсенал каде што собра 246 настапи, за Милан одигра 122 натпревари. Тоа се клубовите каде што помина најголем дел од кариерата. Денес Фламини има 36 години.