Дома Фудбал Англија Фламини повреден по медиумските гласини: Не сум најбогатиот фудбалер на светот

Фламини повреден по медиумските гласини: Не сум најбогатиот фудбалер на светот

Некогашниот играч на Арсенал, Метју Фламини демантира дека е најбогатиот фудбалер на светот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фламини на почетокот на февруари потпиша за Гетафе, а претходно настапуваше за Арсенал и Милан. Искусниот Французин одлучи се уште да се занимава со фудбал, а на малкумина им е познато дека има сопствена фирма.

Пред десеттина години основаше хемиска компанија, ГФ Биокемикалс која пред се е ориентирана на истражување на промена на климата и наоѓање на алтернатива за извор на нафта.

Разви врска на гориво кое може да се употреби наместо нафта, а неговата компанија има 80 вработени и има лабаротирија во близина на Наполи, а простории во Милан и Холандија.

Се пишуваше дека компанијата е тешка 30 милијарди долари, но Фламини демантираше дека е најбогатиот играч на светот.

„Не е вистина дека сметката на мојата фирма има 30 милијарди евра и важно е да се каже дека тие информации се погрешни. Тоа е вкупната вредност на пазарот кој сакаме да го нападнеме со технологиите кои ги развивме во последните години“, истакна Фламини.

„Бев малку изненаден кога прочитав дека сум најбогатиот играч. Кога се јавна личност, тогаш треба да научите да читате меѓу редови и од некоја друга страна, иако целата приказна ме боли, бидејќи не влегов во овој бизнис поради пари. Мојот главен мотив отсекогаш беше позитивно влијание на живтотната средина“, тврди Фламини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Има само еден човек кој може да го оживее Реал Мадрид, а тоа е – Мурињо!

Во Реал Мадрид сериозно размислуваат за големи промени во тимот по турбулентната сезона, а…