Фламенго и Интер се во напредни преговори и блиску до договор за откупување на правата на Габриел Барбоса, кој игра во бразилскиот клуб под наем.
Габигол ја оживеа својата кариера во Фламенго, стана најдобар стрелец во првенството и на „црвено-црните“ му ја донесе титулата во Копа Либертадорес со два гола во финалето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа Фламенго сака да го откупи неговиот договор и чекаше потврда од самиот играч за да започне преговори со Интер.
„Ќе го продолжиме преговорите после Светското клупско првенство. Преговараме четири месеци и има огромен напредот. Сумата? Таа ќе биде помала од 22 милиони евра која се пишува во медиумите“, изјави претседателот на Фламенго, Марка Браза.
#Flamengo say they have successfully negotiated a price “well below €22m” for #Inter loanee Gabriel Barbosa https://t.co/nX6LuLYhZ4 #FCIM pic.twitter.com/WliwXMweYE
— footballitalia (@footballitalia) December 19, 2019