Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Тетекс во финансиски проблеми – ситуацијата на стенд-бај!

ФК Тетекс во финансиски проблеми – ситуацијата на стенд-бај!

Фудбалскиот клуб Тетекс во својата богата клупска историја за жал со години се наоѓаа во финасиска криза.

Иако не е толку црно како во минатото, но според информациите, Тетекс има сеуште проблеми со акциите. Клубот не функцунира како што треба, бидејќи главниот акционер „месец дена” е во преговори со човекот кој искрено го сака клубот и изрази желба да биде новиот газда во иднина, а не само спонзор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Организациските проблеми, односно раководствените, со кои се соочува клубот намерно не се споменати, бидејќи нив ги имаше и минатата сезона.

Сепак, фановите од групата „Напред Тетекс“ се надеваат дека тие ќе бидат решени во зимската пауза и на чело на клубот ќе застане човекот кој несебично му помагаше на Тетекс во изминативе неколку месеци (заедно со уште неколку доброволни луѓе кои финансиски го помагаат клубот).

Поради нерешените проблеми сеуште не се започнати припремите за пролетниот дел од сезоната, на играчите ниту им се имаат јавено да ги запознаат со ситуацијата во клубот, очигледно е дека аматерски се работи во Тетекс, велат фановите од групата „Напред Тетекс“.

„Се надеваме дека со оваа соопшение ќе разбудиме некој луѓе во Тетекс да превземаат мерки и да ги решат долгорочните проблеми еднаш засекогаш, бидејќи за нас Тетекс е нешто свето и клуб со кој секој Македонец во Тетово се иденфикува“, заклучија фановите од групата „Напред Тетекс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…