Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Победа до ФФМ: Спонзорите бегаат, усогласете го законот за спорт!

ФК Победа до ФФМ: Спонзорите бегаат, усогласете го законот за спорт!

По повод последните случувања во македнскиот фудбал се огласи и прилепска Победа.

Како и дел од клубовите претходно и ФК Победа искажа незадоволство. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


“По повод последните случувања во македонскиот фудбал ФК „Победа“ АД Прилеп се обраќа со следново соопштение:

ФК „Победа“ АД – Прилеп ги почитува позитивните законски прописи во државата и ги охрабрува институциите да се заложат тоа да важи за СИТЕ подеднакво. Како што е мнението и на другите клубови од првата и втората лига и нашиот клубот стои на фактот дека Стаутот на ФФМ не е усогласен со Законот за спорт и истиот МОРА да се усогласи како што тоа го направија сите национални федерации во Република Северна Македонија.

Дури откако ФФМ ќе го усогласи Статутот со Законот за спорт, треба да се организираат избори, каде клубовите ќе го имаат мнозинство во Собранието на ФФМ, со што ќе имаат можност да одлучуваат за се што е поврзано со фудбалот.

Поради тоа, голем дел од клубовите одбија да учествуваат во изборите на Општинските фудбалски сојузи – ОФС (кои во досегашниот статут се членки на ФФМ).

Сведоци сме дека во последните години, некој друг, а не клубовите, во Собранијата на ФФМ одлучуваат за фудбалот во Македонија.

За кого тогаш се игра фудбалот !!! Почнаа да БЕГААТ спонзорите и да ги оставаат клубовите на цедило. Пред 2 години од ФК Вардар остана без инвеститорот, ФК Пелистер и ФК Победа ги напуштија СИТЕ акционери, оваа година истото се случи во ФК Борец – прашуваме кој ќе биде следен ?

Се надеваме дека институциите конечно ќе помогнат да се исправи оваа неправда, затоа што со вакво владеење со кое не се почитуваат позитивните законски прописи во државата не може да победи фудбалот !!!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Комити“ испратија апел да се носи македонско знаме на средбата со Тиквеш, но ФФМ сега донесе нова одлука – натпреварот ќе се одигра без публика!

Навивачите на Вардар пред натпреварот со Тиквеш испратија апел на овој дуел кој требаше да…