ФК Вардар го објави и своето трето засилување во овој преоден рок.
Откако претходно пристигнаа Владица Брдаровски и Маркос Лемос следен е Лука Трајковски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„23 годишниот крилен играч Лука Трајкоски е трето засилување на ФК Вардар во летниот преоден рок. Во својата досегашна кариера има настапувано за екипите на Победа, Борец и Македонија Ѓорче Петров забележувајќи над 100 настапи во првата македонска фудбалска лига. Му посакуваме успешни настапи и многу победи во најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар
Му посакуваме добредојде, а до сите навивачи упатуваме апел, да се приклучат кон акцијата за купување на членски карти, бидејќи така директно го помагате функционирањето на клубот!“, објавија вардарци.