ФК Вардар продолжи со кампањата за обезбедување егзистенција и настап во Првата македонска фудбалска лига.
Денес црвено-црните се обратија до компениите во Македонија и ги повика да станат дел од креирање на една нова историја.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Во текот на вчерашниот ден испративме барање за соработка до стотици големи македонски компании, а во деновите што претстојат ќе испратиме уште илијадници понуди.
Во моментите, кога клубот е во крајно незавидна финансиска ситуација, народот е единствениот негов финансиер. Па затоа, како што тропнавме на вратите на надлежните институции, така ве каниме и вас.
Ви нудиме искрена и транспарентна соработка, и можност заедно со нас и народот, да бидете дел од создавањето на една голема спортска приказна.
ФК Вардар е најголемиот македонски фудбалски клуб, кој со својата историја и симболика е најдобра реклама за сите нас.
Се надеваме на брз позитивен повратен одговор, а ние ќе се погрижиме сите оние кои ќе застанат заедно со нас во одбраната и воздигнувањето на клубот на народот, да бидат препознаени како позитивни општествени чинители
Вашето место, како важни општествени чинители е тука – заедно со нас и народот.
Не чекајте да ве контактираме, доколку сте заинтересирани за соработка можете да не контактирате на: [email protected]“, објавија од Вардар.