ФК Брегалница уште еднаш ја демонстрираше својата хумана нишка незаборавајќи ги најмладите и за време на новогодишните празници.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Членови на штипските „сини“ заедно со претставници на навивачката група „Фаланга“ денеска го посетија детското одделение на Клиничкиот центар во Штип, притоа издвојувајќи подароци за сите деца, разубавувајќи им ги новогодишните денови.
ФК Брегалница и навивачката група „Фаланга“ посакаа брзо оздравување за сите дечиња, притоа честитајќи ги новогодишните и божиќните празници за нив и нивните семејства.