Дома Фудбал Фијаско ПСЖ, загубите зголемени за 80%

Фијаско ПСЖ, загубите зголемени за 80%

Пари Сент Жермен потврди загуби од скоро 225 милиони евра за сезоната 2020/21, се наведува во финансискиот извештај на францускиот клуб.

Минатата сезона во францускиот фудбал ја одбележа кризната ситуација околу ТВ правата и играњето пред празни трибини, па готово сите клубови имаат загуби.

Секако, најголем дефицит покажа ПСЖ, чии загуби се зголемија за скоро 80% во однос на претходната сезона, кога клубот пријави загуби од 124,2 милиони евра.

Парижаните исто така минатата сезона забележуваат и пад на приходите, најмногу поради влезниците и ТВ правата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дувикас блеска во Комо: Фабрегас има голема заслуга за мојот напредок

Грчкиот напаѓач ужива во Комо, каде што ги истакнува заслугите на Фабрегас и стручниот шта…