Веќе подолго време се води полемика во Шпанија дали натпревари од Примера да се играат на територија на Америка.
Барселона и Џирона се спремни да го одиграат натпреварот од 21-то коло во Мајами, но најверојатно тоа нема да се случи, бидејќи и ФИФА не го дозволува.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ова прашање на дневен ред на Советот на ФИФА ќе се најде на состанокот закажан за в петок во Кигали (Руанда), а шпанските медиуми тврдат дека Светската федерација е против таквата идеја и сигутно ќе стави „вето“.
Претходно беше објавено дека дуелот меѓу Џирона и Барселона треба да се игра на 27 јануари во Мајами и да стане првиот меч во историјата на Примера, кој ќе се одигра во САД.