Дома Фудбал ФИФА со револуционерен предлог: Одземање на бодови за екипата чиј навивачи ќе шират расизам

ФИФА со револуционерен предлог: Одземање на бодови за екипата чиј навивачи ќе шират расизам

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) предложи автоматско одземање на бодови за екипата чиј навивачи ќе шират расизам во текот на натпреварите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ваквата реакција на Инфантино доаѓа откако навивачите на Удинезе во вчерашниот натпревар на расна основа го навредуваа голманот на Милан, Мајк Мањан. Мила во овој натпревар на крајот славеше победа од 3:2.

Навивачите на Шефилд исто така го навредуваа фудбалерот Касеј Палмер од редовите на Ковентри во натпреварот од 28. коло во Чемпионшип.

„Покрај процес во три чекори мораме автоматски да запишеме пораз на екипата чиј навивачи го започнале расизамот и предизвикале прекин на натпреварот. Тука се и мерките како суспензија и кривични пријави“, изјави првиот човек на ФИФА.

Споредп последните информации ваквиот предлог им се допаѓа и на останатите луѓе во раководството на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…