Дома Фудбал Останато ФИФА одлучи да се одигра прекинатиот меч меѓу Бразил и Аргентина

ФИФА одлучи да се одигра прекинатиот меч меѓу Бразил и Аргентина

Дисциплинската комисија на ФИФА донесе необична одлука за мечот од квалификациите за Светското првенство, кој не се одигра помеѓу Бразил и Аргентина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато, натпреварот на 5 септември беше прекинат по пет минути кога здравствените работници истрчаа на теренот за да ги уапсат аргентинските играчи кои го прекршиле протоколот Ковид-19.

Четворицата аргентински репрезентативци од Премиер лигата, Емилијано Буенди, Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо и Кристијано Ромеро се суспендирани по два натпревари затоа што фалсификувале податоци за коронавирус за да влезат во Бразил од Велика Британија, која во тоа време беше на црвената листа поради ситуацијата со ковид-19.

Двете селекции се пласираа на Мундијалот како две најдобро пласирани во јужноамериканските квалификации и без тој натпревар.

ФИФА ги одби жалбите на Бразил и Аргентина, па двете репрезентации ќе треба да одиграат натпревар во квалификациите за Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како гром од ведро небо: Артета договори засилување за Арсенал

Арсенал договори ново засилување за претстојната сезона, а се работи за францускиот голман…