Дома Фудбал Останато ФИФА го избра Меси за најдобар, но Ван Дајк и понатаму има големи шанси за „Златната топка“ – еве зошто!

ФИФА го избра Меси за најдобар, но Ван Дајк и понатаму има големи шанси за „Златната топка“ – еве зошто!

Вчера во Милано беше одржана ФИФА церемонијата за избирање на најдобрите, а на крајот за најдобар беше прогласен Лионел Меси.

Меси доби најмногу гласови од страна на селекторите и капитените на репрезентациите од целиот свет, како и секоја година гласаа и новинарите. Аргентинецот зад себе ги остави Вирџил Ван Дајк и Кристиано Роналдо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, иако Меси беше фантастичен во сезоната и постигна 54 гола на 58 натпревари многумина веруваа дека Ван Дајк ќе стигне до наградата, најмногу затоа што со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите.

Но, на крајот гласовите беа на страна на Меси кои доби голема поддршка од капитените и селекторите. Сепак, кога во прашање се новинарите тука Меси не успеа да го победи Ван Дајк.

Според гласовите на новинарите Меси доби 364 бодови, додека Ван Дајк имаше 462 бодови. Ова е важно затоа што во изборот на „Златната топка“ која ја доделува „Франс Фудбал“ се сметаат само гласовите на новинарите. Поради ова нема да биде изненадување ако Ван Дајк ја освои Златната топка.

Реномираната награда на „Франс Фудбал“ се доделува на 2-ри декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…