Дома Фудбал ФИФА ги израдува Србите: Еден од најдобрите светски судии отстранет од Мундијалот

ФИФА ги израдува Србите: Еден од најдобрите светски судии отстранет од Мундијалот

Оваа вест сигурно најмногу ќе ги израдува српските навивачи, тие сметаат дека сега правдата е барем делумно задоволена.

Еден од најдобрите светски судии, Германецот Феликс Брих кој судеше на натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија во кој Србите сметаат дека се оштетени за пенал, го заврши своето судење на Мундијалот.

Освен Брих кој секако е најпознатото име помеѓу „отпишаните“, од Мундијалот си заминаа уште Равшан Ирматов, Клемент Турпин и Шимон Марсинијак.

ФИФА засега не ги објави причините, но се претпоставува дека е незадоволна од тоа како досега ги одработиле дадените задачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал сака напаѓач од Борнмут, но јануарскиот план на Артета има пречка

Ели Жуниор Крупи е меѓу напаѓачките опции што ги разгледува Арсенал. Борнмут, сепак, сака …