Дома Фудбал Фирмино: Серхио Рамос е голем идиот

Фирмино: Серхио Рамос е голем идиот

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино испрати критики до неговиот противник во финалето и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Фирмино при коментирањето на потезите на Шпанецот порача дека Рамос се однесувал како голем идиот.

„Не сакам да го коментирам (Серхио Рамос), мислам дека тој има свој поглед на финалето со оглед на тоа што го освои трофејот…Мислам дека испадна голем идиот. Но тоа е во ред“, изјави Фирмино.

Рамос во финалето од Лигата на шампионите беше обвинет дека намерно го повредил Салах кој мораше да го напушти натпреварот после само половина час игра, а под знак прашалник е и за првиот натпревар кој Египет ќе го игра на Мундијалот.

Подоцна капитенот на Реал се соочи со нови обвинувања. Односно се тврдеше дека тој е виновен за грешките на Лорис Кариус (поради нивниот дуел од 49 минута).

Капитенот на Реал на сето ова одговори изјавувајќи дека можеби и тој е виновен за повредата на Фирмино, со тоа што неговата капка пот паднала врз Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На 16 години го урна рекордот на Белингам, но Англија остана со празни раце

Макс Дауман стана најмладиот фудбалер што заиграл за Англија до 21 година. Неговото истори…