Најновата вест која пристигнува од САД фрла целосно поинакво светло на она што се случи во финалето од Лигата на шампионите.
Германскиот чувар на мрежата на Ливерпул, Лорис Кариус доживеал потрес на мозок во финалето од Лигата на шампионите во Киев на 26 мај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кариус направи две кардинални грешки кои неговиот клуб ги плати со титулатата шампион на Европа, а 12 дена подоцна е утврдено дека доживеал потрес на мозокот.
Докторите од болницата во Бостон, утврдија дека Кариус по дуелот со Рамос во 49 минута заработил потрес на мозок, поради што имал просторно визуелна дисфункција.
Само две минути подоцна Кариус направи неверојатен кикс по кој Бензема се запиша во листата на стрелци, а на седум минути пред крајот не успеа да ја исконтролира топката после ударот од далечина на Герет Бејл.
После ваквата вест фановите на Ливерпул преку социјалните мрежи почнаа да апелираат финалето да се преигра, што сигурно нема да се случи.