Јувентус и ова лето ќе направи најмалку еден голем трансфер.
„Старата дама“ фрли око на двата најголеми таленти на италијанскиот фудбал, Николо Заниоло и Федерико Киеза. „Бјанконерите“ ќе се обидат да го искористат потенцијалот на играчот Рикардо Орсолини и неговиот играчки картон за можното доаѓање на Заниоло и Киеза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, од Фиорентина веќе пристигна јасен одговор. Доколку Јувентус го сака Киеза на преговорочката маса ќе мора да седне само со понуда во пари. Орсолини со доаѓањето на Синиша Михајловиќ на клупата на Болоња има минутажа и младиот офанзивец на Виолата со задоволство би го виделе во своите редови, но не начинот да биде вклучен во траснферот на Киеза.
Во кадарот на Јувентус веќе се наоѓа Моис Кин и шампионот на Италија со евентуално доаѓање на Киезе би осигурал одличен напаѓачки тандем за следните 10 години.