Дома Трансфер зона Фиорентина после Рибери доведува уште едно звучно засилување?

Фиорентина после Рибери доведува уште едно звучно засилување?

Aко по утрото денот се познава новата сопственичка структура на Фиорентина треба да донесе подобри времиња во клубот.

Роко Комисо ова лето ја купи Фиорентина од семејството Дела Вале кое скоро две децении го предводеше клубот од Фиренца.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот милијардер кој богатството го стекна во САД она што го ветуваше засега го исполнува. Во екипата засега остана Федерико Киеза и пристигнаа неколку одлични засилувања.

На „Артемио Франки“ пристигнаа: Кевин Принс Боатенг, Милан Бадељ, Ерик Пулгар, Пол Лирола и Франк Рибери кој денес стави потпис на двегодишен договор.

Меѓутоа тоа изгледа нема да биде се кога во прашање се засилувањата. Според „Тутоспорт“ тимот на Винченцо Монтела ќе доведе уште едно звучно засилување.

Фиорентина треба да го засили офанзивниот дел од тимот, а главни мети се Доменико Берарди кој со години наназад игра одлично во Сасуоло, а тука е и Родриго Де Паул кој експлодираше во Удинезе.

Преодниот рок во Италија трае до 2-ри септември, а ќе биде интересно да се види дали Фиорентина ќе успее да доведе некој или овие двајца фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…