Душан Влаховиќ е на излезна врата од Фиорентина, а според пишувањата на италијанските медиуми кариерата би требало да ја продолжи во Премиер лигата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Влаховиќ е на мета на многу европски гиганти, а изминатите недели медиумите пишуваа дека најсилен интерес покажува Јувентус.




„Бјанконерите“ веќе имале првични разговори со неговиот агент, но Фиорентина не сака да го продава Влаховиќ во Јувентус.




„Виолетовите“ преферираат да го продадат Влаховиќ во Премиер лигата, каде интерес за него покажуваат Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити.




Фиорентина ќе направи се за да не го продаде напаѓачот на ривал од Серија А, но последниот збор секако ќе го има Влаховиќ.