По слабиот старт на сезоната, Фиорентина предводена од Френк Рибери започна да игра добро и што е најважно, да бележи добри резултати.
Tокму споменатиот Рибери игра како во најдобрите денови, па јасно е дека управата на клубот направи одличен потег со тоа што го доведе како слободен играч. Сега Рибери би можел да добие соиграч од татковината, бидејќи екипата од Фиренца е спремна да го ангажира Хатем Бен Арфа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тие се обидоја во текот на летото, како и Сампдорија, но не успеаа, па поранешниот играч на Њукасл и ПСЖ се уште е без клуб. Бидејќи е слободен играч, Фиорентина може да го ангажира во секој момент, па Бен Арфа наскоро би можел да му се придружи на Рибери.
Французинот минатата сезона ја помина во Рен, каде што беше многу добар со девет гола и шест асистенции.