Дома Трансфер зона Фиорентина влегува во трката за Елмас

Фиорентина влегува во трката за Елмас

Македонскиот репрезентативец и член на Фенербахче, Елиф Елмас се повеќе го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност.

Македонскиот бисер се поврузва со повеќе еворпски клубови, а сега во трката за неговиот потпис влегува нов клуб и тоа од италијанската Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите кои ги објавија денес италијанските медиуми тимот на Фиорентина сака да го види Елмас во своите редови, особено откако на кормилото седна тренерот Винченцо Монтела.

„Спорт Вирџило“ пишува дека Монтела во Елмас гледа големо засилување за средниот ред на Фиорентина и скаутите на „виолетовите“ веќе почнале да го следат Македонецот.

Тимот од „Артемио Франки“ е последниот кој влегува во трката за Елмас. Претходно 19 годишниот македонски фудбалер се поврзуваше со уште еден калчолигаш – Лацио. Се споменуваа уште и имиња на клубови како на Тотенхем, Манчестер Сити, Борусија Дотмунд…

Вчера турските медиуми пренесоа дека скаути на Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Зенит, ќе присуствуваат во големото дерби на Истанбул за уште еднаш да се уверат во потенцијалите на македонскиот „дијамант“.

Во редовите на Фенербахче Елмас пристигна летото 2017 година, а според турските медиуми Фенер за неговата слобода бара помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…