Македонскиот второлигаш Слога Виница е во борба за влез во првата македонска фудбалска лига, но овој клуб се соочува со финансиски проблеми.
Од клубот преку соопштение информираа дека фудбалерите започнале предупредувачки штрајк.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Почитувана јавност сакаме да Ве информираме дека денес се случи најнепосакуваното нешто за еден фудбалски клуб. Играчите на ФК Слога 1934 Виница денес почнаа со предупредувачки штрајк, поради доцнењето на платата за месец февруари. Управата имаше состанок со играчите и стручниот штаб и дојде до договор да се продолжи со тренинзи утре, а сабота да се одигра првенствениот натпревар“, стои во соопштението.
Во новото коло во првенството Слога Виница утре треба да се сретне против Детонит Јуниор на домашен терен.
Фото: ФК Слога Виница